Џамбаски: Македонија е бугарска, а Бугарија е над се (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

„Постојат причини кои се поголеми од сите и од било што. Од секоја политичка ситница. Поголем од која било злонамерна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО – таква кауза е Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На Бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја изградија модерна Бугарија“, стои во скандалозната објава на Фејсбук, на заменик-претседателот на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.

Тој преку видео-спот кој изобилува со кадри од Скопје, Охрид и други локации во Македонија,  ги повикува граѓаните да гласаат за неговата партија, на претстојните избори во Бугарија.

„Колку повеќе лажеш, толку повеќе вистината ќе сјае. Колку пострашно ја измислувате вашата нова лажна историја, толку погласно ќе се уриваат, лажните темели што сте ги изградиле вашата патетична сегашност ќе се распаднат. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски Охрид останува. Колку погласно ги врескате лагите, толку побрз и поужасен ќе ви биде крајот “, пишува Џамбаски.

Слични содржини