Шефот на калабриската мафија, Франческо Пеле (43) е уапсен денес во Лисабон по 14-годишен полициски претрес, пренесува Анса.
Полицијата го уапси Пеле во клиниката во Лисабон каде се лекуваше за „ковид-19“. Во извештајот на италијанската агенција се наведува дека Пеле, шефот на моќната калабриска Ндрангета, кој ја контролира трговијата со кокаин во Европа, бегал од полицијата уште од 2007 година.
Тој беше осуден на доживотен затвор затоа што го нареди масакрот на Бадник 2006 година, во кој беше убиена сопругата на ривалскиот мафијашки бос Џвани Лука Нирта. Така, Пеле започна циклус на крвна одмазда, кој кулминираше со масакрот во германскиот град Дуизбург во август 2007 година, кога беа убиени шест лица.
Поради повредите здобиени во заседата од 2006 година, Пеле остана „окован“ за инвалидска количка, а исчезна во 2007 година додека чекаше Врховниот суд во Милано да ја потврди доживотната казна затвор.