Голема акција во Италија: „Паднаа“ 55 мафијаши

од Vladimir Zorba

Италијанската полиција уапси 55 лица осомничени дека се поврзани со сицилијанската мафија.

Осомничените се обвинети за изнуда, трговија со дрога и поседување оружје и експлозиви, соопшти во вторникот италијанската полиција.

Рациите беа спроведени главно околу сицилијанскиот град Калтанисет, но и во други делови на Италија. Учествуваа околу 500 полицајци.

„Денешната операција е особено важна не само по квантитет, туку и квалитет“, изјави Салваторе Де Лука од канцеларијата на јавното обвинителство во Калтанисета.

Коза Ностра е најпознатата мафијашка организација на Сицилија, а има и некои помали како Стида.

Фокусот на операцијата беше на градот Гела. Таму две големи мафијашки семејства се здружија со Стида во шверц на дрога. Незаконски заработените пари ги искористиле за изградба на неколку оранжерии за одгледување канабис. Тие продавале дрога во областа или ја разменувале со калабриската мафија „Ндрангета“ за кокаин.

Според Де Лука, особено загрижува фактот што осомничените поседувале оружје. „Резултатот е Коза Ностра која работи, се занимава со дрога, има значителен арсенал на оружје и е подготвена да убива и да покаже сила“.

Слични содржини