СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Ставот на партијата следува по реакцијата на новинарските здруженија во врска со изјавата што лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја упати кон новинар од телевизија Алфа за време на вчерашната прес-конференција

од Nikola Popovski
315 прегледи Фото: СДСМ

Откако Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работиници (ССНМ) реагираа во врска со изјавата што лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја упати кон новинар од телевизија Алфа за време на вчерашната прес-конференција, од опозициската партија велат дека „би сакале ЗНМ да реагира кога претседател на политичка партија се споредува со убиец на 300 деца, како и кога секојдневно се води црна кампања со јавен линч“.

СДСМ го коментира ставот на новинарските здруженија.

„Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички кампањи против конкретни новинари и медиуми.“ велат од ЗНМ и ССНМ.

Да точно е. Но, во демократските земји на ЕУ, каде што постои слободно правосудство. Таму може да се поднесе пријава и да има разрешница, а во Македонија не може да има никаков резултат, затоа што Мицкоски ги има под целосна контрола судството и обвинителството и им дели задачи од собраниската говорница.

Мицкоски ги постави сите свои луѓе во судството и обвинителството. Почнувајќи од новиот јавен обвинител кој откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Мицкоски, и прво со случаите поврзани со Мијалков и бомбите а потоа и со одземањето на предметите за криминалниот имотот на ВМРО-ОКГ. Својот советник Мицкоски го стави за судија во Уставен суд, сопруга на градоначалник на ВМРО назначи за член на Судски совет…“, стои, меѓу другото, во соопштението од „Бихаќка“.

Според новинарските здруженија, не се работи за изолиран случај, туку за загрижувачка пракса со која политичките субјекти сè почесто се обидуваат да поттикнат наративи за оцрнување на поединечни новинари и редакции. Во овој контекст, посочуваат дека политичарите и функционерите треба да покажат повисоко ниво на толеранција кон медиумското известување и да не користат понижувачки јазик кон новинарите.

Како изгледаше изјавата на Филипче, која беше одговор на новинарско прашање, можете да погледнете подолу: