Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека 90 отсто од возрасните граѓани на Соединетите држави ќе можат да се вакцинираат против коронавирус до 19 април.
– Останатите десет отсто од граѓаните ќе бидат вакцинирани до први мај – рече Бајден за време на говорот пред медиумите.
Според него – за време на претходниот викенд, граѓаните примиле десет милиони вакцини против Ковид 19.
– Владата започна широка национална програма за вакцинирање. Активиран е голем број на волонтери. Дадени се сто милиони вакцини за помалку од 60 дена. Сега, за четириесет дена, ќе се обидеме да дадеме уште сто милиони. Нема ништо што не можеме да постигнеме ако работиме заедно – рече американскиот претседател.