Можно објаснување за згрутчувањата по „АстраЗенека“: Се појавуваат кај уште некои лекови

од Stefanija Kuzmanovska
554 прегледи

Европски и канадски научници можеби пронајдоа објаснување за ретката, но сериозна појава на згрутчување на крвта кај некои луѓе вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирус, пишува британската агенција „Ројтерс“.

Се верува дека феноменот е сличен на оној што ретко се случува со лекот хепарин за „разредување“ на крвта, познато како тромбоцитопенија предизвикана од хепаринот (ХИТ). Во оваа форма на тромбоцитопенија, лекот го активира имунолошкиот систем да произведува антитела кои активираат тромбоцити кои нормално предизвикуваат згрутчување на крвта.

И други лекови освен хепаринот, исто така, можат да предизвикаат нарушувања на коагулацијата кои се многу слични на ХИТ, а научниците сметаат дека во ретки случаи, вакцината на „АстраЗенека“ може да биде таков „активирач“.

Четири претходно здрави лица кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“ развиле потенцијално смртоносни згрутчувања и имале ист вид антитела кои активираат тромбоцити и активираат формирање на згрутчувања во тромбоцитопенија предизвикана од хепаринот, напишаа германските, австриските и канадските научници во студијата во понеделникот.

Трудот не ја помина научната рецензија. Дваесет вакцинирани лица кои не развиле згрутчувања немале такви антитела. Коментарот објавен заедно со студијата забележува дека тромбоцитопенијата предизвикана од лекови може да се третира ако точно се дијагностицира.

Милиони луѓе ја примиле вакцината без никакви проблеми, а европските регулатори и Светската здравствена организација објавија дека придобивките од вакцината на „АстраЗенека“ ги надминуваат ризиците.

Слични содржини