Петковски: Договорот на Заев и Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание

од Берта Китинска
188 прегледи

За лидерот на НСДП, Тито Петковски договорот на Заев и Мицкоски за одложување на пописот и локалните избори е пред огромно минско поле кое што се нарекува Собрание на Република Северна Македонија и никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

Според него многу убаво прозвучи овој договор, но праксата покажува дека честопати кога ќе се пристапи кон реализација на еден политички договор таму има многу непознати, бидејќи, според него интересот е личен, партиски, групен, па дури тогаш државниот интерес или интересот на граѓаните.

-Македонија често пати пали на туркање. Не може да се потценува и интервенцијата на Палмер во оваа ситуација. Но убеден сум, тргнувајќи од она што двајцата го направија и сработија до сега, сепак во преден план е нивниот личен интерес. Зошто – затоа што и двајцата сфатија дека ѓаволот ја однесе шегата, дека работите отидоа предалеку, дека можат да излезат надвор од контрола и дека може да ги чини политичка кариера. Едноставно беа приморани да ги повлечат овие потези и сфатија дека ова е нивнат апоследна шанса да останат во политичкиот живот, вели Петковски во Утрински Брифинг.

Слични содржини