Николовски: ГРЕКО позитивно го оцени донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување

од Берта Китинска
262 прегледи

ГРЕКО позитивно го оценува донесувањето на новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, дава експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, но го поздравува и транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата, истакнаа вицепремиерот Љупчо Николовски на заедничката прес-конференција со министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Со Кодексот за етичко однесување на именуваните функционери, потсети вицепремиерот, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво.

-.ГРЕКО дава експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, подготвена од страна мојот Кабинет и Министерството за финансии. Со оваа Уредба точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни дарови од странски и домашни, физички и правни лица. Воедно сумите за протоколарни подароци на максимални 20 евра. Исто така се поздравува транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата, на официјалната веб страна. Во извештајот е нотирано дека веќе е изработен тест за интегритет на советниците на функционерите, преку кој се утврдува нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција. Со тоа ќе се проверат личните и професионални карактеристики на највисоките државни функционери како и нивото на познавање на практиките на антикоруптивно и добро владеење. Целта на овој тест е воочување на потенцијално ризичните коруптивни состојби, истите да бидат пример за останатите и секогаш во предвид да се има јавниот интерес, рече вицепремиерот.

Слични содржини