Сапсовски: Успешно е спроведена акцијата во која беа уапсени 22 лица

од Берта Китинска
222 прегледи

Акцијата во која беа уапсени 22 лица е успешна спроведена, сите криминални групи ќе бидат извадени пред лицето на правдата, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Прво сакам да истакнам дека оваа акција односно истрага ја следеше Обвинителството и ваква акција по 30 години каде огромен број на лица односно уапсени се дваесет и двајца и на кои им се одредени мерки тоа е успешна акција за борба против криминалот, втор ако ги погледнеме резултатите од јануари-март 2020 година и истиот период 2021 година каде  раководеа различни министри во времето на министерот од ВМРО имавме заплена од  14,8 килограми дрога, а сега 558 килограми со ова јасно се кажува каква е определбата, вели Спасовски.