Д-р Петличковски објасни кои групи на граѓани не треба да ја примат вакцината АстраЗенека

од Nikola Popovski
353 прегледи

„Без размислување треба да ја прифатиме АстраЗенека, а хроничните болни треба да бидат во првите редови, што е и нашата цел“, вели директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски за емисијата „Топ тема“.

Според него, контра-индикациите од АстраЗенека се многу малку.

„Вакцината не треба да ја примаат луѓе кои имаат потврдена алергиска анафилактична реакција на компоненти на состојките на вакцината. Значи не каква било алергиска реакција и во поглед на тоа нема некакви специјални ограничувања кои можат да го одложат вакцинирањето за одредени групи на граѓани“, објасни Петличковски.

Слични содржини