Дневно ќе вакцинираме меѓу 7 и 10 илјади граѓани, информира Филипче

од Nikola Popovski
216 прегледи

„Големата количина вакцини ќе пристигнат во периодот април-мај и тогаш дефинитивно ќе се осигураме дека процесот на имунизација кога ќе започне нема да запре“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој наведе дека проценските се дека дневно ќе се вакцинираат меѓу 7 и 10 илјади граѓани.

„Тоа ќе биде вкупно на целата територија, вклучувајќи ја и салата „Борис Трајковски“, потенцира Филипче, кој информира дека до крајот на месец април ќе добиеме 300.000 вакцини, односно 200.000 од Кина, 76.000 од Ковакс и 25.000 од ЕУ.

 

Слични содржини