Од денеска започнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови, а се очекува веќе од другата недела да почне и масовната имунизација и во салата „Борис Трајковски“ која е во фаза на подготовка.
Со „Астра Зенека“ ќе бидат вакцинирани 20 000 граѓани на возраст поголема од 75 години.
Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче С.Македонија ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „Астра Зенека“.
„По двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со ‘Астра Зенека’ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст над 77 години“, рече Филипче во Клик плус.
Министерството за здравство соопшти дека е пуштено закажувањето на термини преку системот Мој Термин за вакцинација на граѓани опфатени во првата фаза од Националната стратегија за вакцинација против ковид-19.Досега се закажани 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77 години.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.