Филипче: Состојбата со вакцинацијата на „АстраЗенека“ ќе се следи со голема претпазливост

од Берта Китинска
181 прегледи

Вакцинацијата против ковид-19 со „АстраЗенека“ на лица над 77 години почна денес во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

-Вакцинирање засега тече без проблем, а состојбата со вакцинацијата на „АстраЗенека“ ќе мора да се следи со голема претпазливост,Ќе чекаме потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, денеска имаме закажано состаноци со МАЛМЕ, а ако треба ќе се обратиме до Европската агенција за лекови. Има ситуации каде вакцината на „Астра Зенека“ предизвикува тромботична реакција кај млади луѓе, иако се ретки, ние сакаме да бидеме претпазливи. Засега нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави, станува збор за ретки случаи“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Лица помлади од 60 години во земјава нема да се вакцинираат против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“.

Слични содржини