Денвер ја совлада Филаделфија со резултат 104:95, а веста на денот е дека одреден број навивачи по една година се вратија на „Бол Арената“.
Поддршката за Нагетс главно ја пружаа здравствени работници, а присутните навивачи на Денвер беа во можност да поздрават сè што прави Никола Јокиќ за нивниот тим и оваа сезона.
Кога српскиот центар застана на линијата за слободни фрлања во финишот на натпреварот, од трибините „згрме“ „МВП, МВП“.
MVP chants rain down for Nikola Jokic as he steps to the free-throw line pic.twitter.com/8lpK0Tpvrb
— Denver Stiffs (@denverstiffs) March 31, 2021
Никогаш појасна порака за најдобриот кошаркар во Денвер и еден од најкорисните играчи во најсилната светска лига.
– Ги повикавме здравствените работници од првата линија на фронтот против коронавирусот и тоа е одличен гест. Од ден на ден тие правеа сè за да ја надминат болеста што му штети на Денвер, државата и целиот свет – истакна тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.