Две родилки, една од Скопје и една од Делчево починаа, откако биле породени, па хоспитализирани. Родилката од Делчево била на возраст од 33 години, додека родилката од Скопје имала 32 години.
Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника, Викторија Јовановска изјавила дека двете биле породени со царски рез, а бетето на родилката од Делчево веќе е испишано од болницата. Родилката по влошување на состојбата поради инфекцијата со корона вирусот била префрлена во градската болница 8-ми септември, а ден пред да биде примена на ГАК имала негативен ПЦР тест.
Втората почината родилка 32 – годишна скопјанка, била породена во 30 неделеа од бременоста, и нејзиното бебе се уште е на интензивна нега на клиниката на ГАК и приклучено е на рерспиратор.
„Две родилки се починати, но не на нашата клиника. Едната родилка е 33-годишна од Делчево и е породена со царски рез, термински. Таа роди здраво машко бебе кое е испишано дома. На денот на хоспитализација, 9 март дојде со негативен ПЦР тест кој го направила во Делчево. На 10 март добивме позитивни резултати со антигенски рапид-тест, направен кај нас. Породена е на 11 март и поради влошување на состојбата е препратена на лекување во 8 септември“, вели директорката Јовановска.
За починатата родилка од Скопје, Јовановска вели дека е донесена од Инфективната клиника, а за живот се бори и бебето.
Директорката на ГАК вели дека направиле се што можеле, а се чувствуваат поразено заедно со колегите од КАРИЛ и „8 септември“ бидејќи не успеале да ги спасат животите на двете млади жени.
„Се направи се. Целиот персонал даде се од себе, од КАРИЛ одеа во 8 септември, помагаа. Имавме голема желба овие жени да се извлечат, многу млади родилки, верувавме дека ќе успееме“, додава Јовановска.