420
МВР соопшти дека денес е приведено лице од Скопје барано со централна потерница.
„Денеска, во 12.15 часот, во село Блаце, Скопско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек потраги и од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле А. Д. (39) од Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 392 од Кривичниот законик и доиздржување казна затвор за сторено кривично дело по член 133 од Кривичниот законик“, соопштија од полицијата.
Тој бил предаден во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.