127
Грчката влада потврди дека ќе го отвори малопродажниот сектор на 5 април со одредени ограничувачки мерки, изјави денеска министерот за кризи, Никос Хардалиас.
Тој исто така најави дека од недела, 3 април, целото семејство или најмногу три лица од различни домаќинства ќе можат да бидат во еден автомобил, доколку сакаат да патуваат во други региони за спортски активности, пренесе агенцијата АНА.
Одлуката за отворање училишта ќе биде донесена следната недела, додаде министерот.