Македонската фудбалската репрезентација ја совлада Германија и со тоа го направи убедливо најголемото изненадување од почетокот на квалификациите за Светското првенство, а селекторот во заминување на оваа селекција, Јоаким Лев, по натпреварот изјави дека е многу разочаран од поразот.
„Горчливо разочарување. Не бевме свежи, направивме многу грешки. Ни се чинеше дека можеме во одредени моменти, но, генерално, изгубивме на многу разочарувачки начин и тоа на домашен терен“, рече Лев.
На неговата изјава следеше и коментарот на стрелецот на единствениот гол за Германците, Илкај Гундоган:
„Свесни сме дека не треба да губиме вакви натпревари. Примивме голови на многу лош начин. Не очекуваме такви работи од нас самите, и нема објаснување. Сите мора да си заминеме во моментов, за да влеземе во форма за мај и наредниот квалификациски прозорец“, рекол Гундоган.
Со овој пораз Германците паднаа на третото место во групата Ј, зад Ерменија, која го забележа третиот триумф на мечот против Романија, па така има 100% учинок и девет бода, додека С. Македонија стигна до шест бодови.
Германците се трети со шест бода, со гол разлика од 5: 2, Романија има три бода, колку што има и Исланд, додека Лихтенштајн нема освоено ниту еден поен назад, со еден гол и 10 примени голови.