435
Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер објави твит по натпреварот помеѓу Германија и Македонија (1-2).
Швајнштајгер го призна поразот на Германија и ни честиташе за триумфот, а кажа и дека судиите не ни досудиле чист пенал.
„Моја почит до Македонија. Несреќен пенал против нив, а имаше и чист недосуден пенал за нив и овие момци успеаа да победат четирикратен светски шампион“, напиша Швајнштајгер.