Нова пратка вакцини пристигнува во земјава

од Берта Китинска
279 прегледи

Од Владата информираат дека денеска во земјава пристигнува  нова пратка на вакцини.

Вакцините треба да пристигнат некаде во 13 часот во Клиничкиот центар, а по тој повод е закажано обраќање на медиумите на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт, соопштија од Министерството за здравство.