Со „Спутник V“ ќе се вакцинираат вработени во МВР, Армијата, јавниот транспорт…

од Берта Китинска
190 прегледи

Со новата пратка на вакцините „Спутник V“,ќе се вакцинираат вработени во МВР, во Армијата, во јавниот транспорт, обајсни денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека вакцинацијата ќе се врши во салата „Борис Трајковски“.

-Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија, истакна Филипче.