203
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека умерените рестриктивни мерки даваат резултат.
-Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето на помладата популација која по затворањето на угостителските објекти се собираше низ парковите без притоа да ги почитуваат мерките. Со оваа умерена рестриктивна мерка се ублажи растот на заболени и затоа немаше нагол прилив кон болниците ние успевме да го изменаџираме добро за разлика од пикот кој беше во ноември, изјави Филипче