За две недели во нашата земја се очекува да пристигне единствената терапија за лекување на коронавирус, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче по приемот на новата донација на вакцини на „Спутник V“ од Србија.
„Знаете дека за оваа болест не постои терапија, освен една, која за две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело кое што е наменето специјално за ова болест затоа што се врзува таргетирано токму за вирусот“, објасни Филипче.