Заврши комисиската расправа: Одложувањето на пописот одложено за утре, можно е да има и пленарна седница

од Nikola Popovski

Во Собранието доцна попладнево заврши комисиската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

„Сто и еден амандман беа доставени до 15 часот, имаше и други по 15 часот, а сите од формален аспект не беа уредни. Како претседател на Комисијата за европски прашања добив писмо, известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека дел од амандманите не се уредно доставени бидејќи биле запишани имињата на пратениците од опозицијата, а во најмногу од нив, потпишани само од двајца или од еден пратеник, а треба од сите наведени имињата на партениците“, изјави пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, кој претседава со оваа комисија.

Левица доставила три амандмани кои според Адеми биле уредно доставени, но, не биле поддржани од членовите на Комисијата.

Утре за измените ќе расправа Законодавно-правната комисија, а можно е да има и пленарна седница.

На веб-страницата на Собранието, оваа седница е закажана за утре во 10 часот.

Во меѓувреме Амбасадорката на САД во земјавата, Кејт Брнз денеска разговарала со лидерите на Алијанса и Алтернатива со цел како што информира амбасадата, да се истакне потребата Села и Гаши да бидат конструктивна и ангажирана опозиција.

Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да соработуваат со останатите со цел да ги надминат предизвиците со кои се соочува земјата во моментот, посочува Амбасадата на САД.

Слични содржини