416
„Меѓународниот празник на шегата и смеата беше одбележан во ЈП Лајка“, објавија денес од претпријатието.
Меѓународниот празник на шегата и смеата денес беше одбележан во стационарот за бездомни кучиња ЈП Лајка.
„Африка, Цунами, Кате, Мoни и Бони позираа во најразлични костими. Кучињата несомнено уживаа во оваа првоаприлска приказна исполнета со забава и смеа“, велат од Лајка.
Потсетуваат дека овие прекрасни крзнени пријателчиња се уште го бараат својот дом. За апликација за вдомување пишете на [email protected].