Полицијата во Илиноис усмртила 13-годишно момче

од Nikola Popovski
309 прегледи

Полицијата во Илиноис пукала во 13-годишно момче за време на, наводна, „вооружена пресметка“. Момчето починало на самото место, но не е јасно дали учествувало во пукањето. Мајката на момчето го пријавила неговото исчезнување минатиот четврток.

Полицискиот службеник вклучен во пукањето бил суспендиран на 30 дена, додека се утврдуваат околностите до кои дошло до пукањето.

Полицијата соопшти дека одговориле на повикот околу два часа по полноќ и нашле двајца мажи на улица.

„Едното вооружено лице побегна, а полицаец пукаше за време на „вооружена пресметка“, соопштила полицијата.

Тринаесетгодишниот Толедо починал на самото место, но не е јасно дали учествувал во пукањето.

Полицијата го уапсила и поднела прекршочна пријава против 21-годишниот Рубен Роман за отпор при апсењето.

Фото: John J. Kim / Newscom / Profimedia

 

Слични содржини