Колку е ефикасна вакцината „Спутник В“ со која ќе се вакцинираат македонските граѓани?

од Берта Китинска
252 прегледи

Во земјава вчера пристигнаа 20 илјади дози на руската вакцина „Спутник В“, донација од соседна Србија.

Со донацијата од Србија ќе се вакцинираат вработени во Министерството за внатрешни работи, АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Каков тип на вакцина е „Спутник В“?

Според информациите кои се споделени на страната kovid19vakcinacija.mk. руската вакцина  e 91,6% ефикасна .

  • Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот
  • Препорачана на возраст над 18 години
  • Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: Ефикасноста на Спутник В наспроти КОВИД-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В
  • Безбедност:  Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.
  • Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.

Македонија е 59. земја во која е регистрирана оваа вакцина, вклучувајќи и неколку земји членки на Европската Унија и покрај тоа што истата моментално чека на одобрување од Европска агенција за лекови (ЕМА).

Слични содржини