268
Податоците за Worldometers покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот е зголемен на 130.206.710 лица.
2.840.729 починале, додека 104.922.225 луѓе се опоравиле, пренесува Анадолија.
Најмногу заразени се во САД, каде инфекцијата е потврдена кај повеќе од 31,24 милиони луѓе.
Следат Бразил (12,84 милиони), Индија (12,3 милиони), Франција (4,69 милиони), Русија (4,55 милиони) и Велика Британија (4,33 милиони).