Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на реконструираниот објект на Полициското одделение Дојран посочи дека безбедносната состојба на границата кон Грција и граничниот премин Дојран е мирна и стабилна.
-Состојбата е под контрола и нема некој посериозен предизвик ниту со миграцијата, ниту со загрозуврањето на безбедноста на нашата државата, порача министерот .
Во однос на илегалната миграција, Спасовски посочи дека според оценките од колегите од ЕУ, нашата држава не е атратктивна рута за поминување на мигранти.
– Тоа значи дека полициските служби и армиските припадници добро ја вршат работата во смисла на откривање и превентивно одбвивање на влезот на мигранти. Граѓаните може да бидат сигурни, спокојни и безбедни, затоа што се преземаат сите активности на едно многу високо ниво, рече Спасовски.