Заев: Треба да направиме се што можеме час поскоро да се имунизираме

од Andreja Salpe
219 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска од Прилеп по повод пуштањето во употреба на модуларната болница, апелира до граѓаните да се вакцинираат против КОВИД 19, само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја победиме пандемијата. Вакцинацијата тече според предвиденото, но, 20% од пријавените повозрасни граѓани не се јавиле на пунктовите. Тој исто така истакна изрази задоволство за поддршката од страна на Србија.

„Тоа беше важно и посебно бев благодарен за интервенцијата на претседателот Вучиќ и српското раководство, а со тоа и на српскиот народ нормално, да токму сега ги даваат овие два пати по 20.000 вакцини за да кога почнуваме со 24.000 „Астра Зенека“ што минатиот викенд стигнаа да направиме комплетен континуитет без какви било задршки” – рече Заев.

Премиерот ги соопшти и најавените количини кои треба да пристигнат во април и мај.

„Според последниот допис што го имаме, до крајот на април ќе стигнат 200.000, сите како цела количина. Нема да стигаат како другите со по три, осум, 20 или како се најавени. Јас уште еднаш да кажам дека почна вториот квартал, а во вториот квартал еве и „Фајзер“ ги најави 80.000 вакцини дека ќе стигнат. Тие ќе бидат поделени на  седмици или на десетина дена како што ќе дојдат. Овој месец ќе стигнат вакцините од ЕУ. Од 651.000 за Западен Балкан, некаде околу 100.000 се за нас и ги очекуваме првите 20.000 или 25.000 да стигнат во април, па понатаму очекуваме на секои 15 дена да стигаат. Спутниковите следни количини ги очекуваме исто така во април да стигнат. Уште една количина  до 100.800 вакцини очекуваме да ни стигнат од Ковакс механизмот .Стигнаа 24.000, значи 76.800 ги очекуваме до крајот на арпил месец. Сите овие 78.100 голем дел веќе се нормално искористени кај нашите здравствени работници коишпто до сега беа вакцинирани. Сите овие вакцини ни даваат право да веруваме за комплетниот континуитет” – рече Заев по пуштањето во употреба на модуларната болница во Прилеп.

Слични содржини