Заев: Нееднаквоста за вакцините ја забележавме ние малите земји, но не треба да влегуваме во конфликт со ЕУ

179 прегледи

Во своето гостувсање во „Само интервју“, премиерот, Зоран Заев посочи дека е очигледна нееднаквоста за вакцините, но нашата земја не би сакала да влезе во конфронтација од ЕУ, која досега е исклучително солидарна и гради одлични односи со С.Македонија.

„Ако има вина ќе го повлечам првиот чекор. Не можете да се обвините граѓанин кој се пазел, па се заразил, па да кажете Зоран ти си виновен. Нееднаквоста ја забележавме ние малите земји, кога и самите производители и големите земји се соочуваат со недостиг на вакцините. Македонската влада даде 1.200.000 за иградба на Ковакс механизмот, и ние транспарентно говориме дека Европа затаји со вакцините, дури и од Ковакс механизмот. Дефинитивно, можеа и САД и Германија да определат одредени барем 2-3 илјади вакцини за С.Македонија. Но, солидарноста е покажана од ЕУ и не сакаме да влеземе во конфликт и расправија. Ние сите сакаме да имаме дома вакцини, но не смееме да кажеме дека државата не направи се во рамки на набавката на вакцините. Тргнавме со набавка и по пат на приватни фирми, но подоцна бевме обвинети за нешто. Граѓаните имаат индивидуална одговорност, не можеме ние да понесеме одговорност доколку на некој нешто му се случи, доколку се вакцинира во друга држава. Но, не смееме да го заборавиме пријателскиот чин на Србија, која не дозволи да имаме престанок во рамки на вакцинацијата“, истакна Заев.

 

Слични содржини