Во грчкиот парламент се одржала дебата помеѓу премиерот на земјата, Кирјакос Мицотакис и лидерот на најголемата опозициска партија „Сириза“, Алексис Ципрас, за набавката на вакцини, вклучително и руската. Премиерот на барање на опозицијата го презентирал националниот план за борба против пандемијата и нејзините последици врз економијата.
Лидерот на опозициската партија изјавил дека недостатокот на вакцини е еден од најголемите неуспеси на Европската унија од нејзиното основање.
Според Ципрас, грчките власти требало да донесат одлука за купување вакцини без да чекаат одобрување од ЕУ.
„Дали разбирате колку луѓе би можеле да спасиме ако ја прифатите поканата да седнете на маса и да разговарате за ова важно прашање од почетокот на годината и да барате решение наместо да дојдете тука да ме исмевате?“, рекол Ципрас .
Мицотакис, од своја страна, се согласил со мислењето на лидерката на партијата „Движење за промена“, Фофе Генимата, која изјавила дека „би било погрешно да се пробие европскиот фронт“ со купување и употреба на вакцини кои не биле одобрени од Европската агенција за лекови.
„Вистина е и затоа не го сторивме тоа“, додал Мицотакис.
Премиерот исто така потсетил дека ваквиот чекор резултирал со оставка на поранешниот шеф на словачката влада. Во исто време, тој додаде дека Русија наводно нема доволно вакцини за да обезбеди извоз.
Тој истакнал дека нема сомнеж во квалитетот на Спутник V.
„Ние извршивме притисок врз Европа да ja одобри Спутник V. Eвропа исто така треба да ја купи и руската вакцина, доколку нема сериозни сомневања за постоењето на можности за производство во Русија и да ја дистрибуира како и другите вакцини“, рекол Мицотакис.
Европската агенција за лекови започна на тестирање на руската вакцина на 4 март. Извор запознат со процесот соопштил дека одлуката за конечно одобрување може да биде донесена во мај.