Марфи: Горд сум на моите деца затоа што не се холивудски кретени

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Познатиот комичар Еди Марфи е татко на дури десет деца, кои ги има со пет различни жени.

Марфи, со австралиската актерка Пејџ Бучер, ја има ќерката Изи и синот Макс. Актерот има уште осум деца што ги имал со четири различни жени. Неговиот најстар син Ерик има 31 година, од врската со Тамара Марфи го има синот Кристијан.

Еди Марфи има пет деца со Никол Марфи – ќерките Бри, Мајлс, Шејн, Зола и Бела и ќерката Анхел со поранешната членка на групата Спајс Грлс – Мел Би.

Во неодамнешното интервју за „Мирор“, Марфи рече дека е „горд на своите деца затоа што не испаднале холивудски кретени“. Тој додаде дека е горд затоа што неговите деца се „паметни, добри и нормални луѓе“.

Слични содржини