Вработените во МВР, АРМ, ЈСП и градинките утре ќе се вакцинираат со руската „Спутник“

од Берта Китинска
265 прегледи

Вакцинацијата со „Спутник“ ќе се почне во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 48 пункта.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош ако е потребно.

Планот е вакцинацијата да запчне со лицата вработени од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

-Вакцината „Спутник V“ е нешто специфична, после отворањето има два часа да се аплицира целата содржина од вијалата, која содржи десет дози. Согласно тоа, сметаме дека е идеално да биде на едно место и затоа вакцинирањето ќе почне во салата „Борис Трајковски“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

С. Македонија во средата ја започна масовната имунизација на населението со вакцините на „АстраЗенека“.

Слични содржини