Андријана Мехија од Мексико изгуби половина од своето семејство за 83 дена по огромниот скок на бројот на заразени со вирусот.
Андријана е едно од осумте деца во семејството. Таа најпрво го загуби својот татко Хуан, кој почина минатиот јули. Само две недели подоцна, нејзината постара сестра Сесилија ги доби првите симптоми и наскоро го загуби животот во борбата со ковид 19. За жал, ова не е крај на приказната на Андријана затоа што таа подоцна го изгуби својот брат Хуан Карлос, мајката и сопругот.
„Одевме од погреб на погреб. Не знаевме дали ќе има крај “, вели Андријана (46), која е графички дизајнер.
Мексико беше најпогодено од ковид-19, во кое речиси 900.000 луѓе починаа до крајот на третиот бран, пишува Гардијан.
Само минатата недела 294 000 починале поради вирусот.
Според медиумите, претседателот на Мексико, Лопез Обрадор, го потценил вирусот и одбил да ги спроведе мерките што биле на сила ширум светот. Исто така, се наведува дека властите го сокриле точниот број на мртвите. Поради несоодветни мерки и игнорирање на фактот дека вирусот напредува и се шири.
Андријана Мехија вели дека членовите на нејзиното семејство се жртви на недостаток на информации.
„Изгубив најголем дел од семејството и покрај тоа, не можев да плачам се додека мајка ми не умре. Тоа беше моментот кога сфатив што се случува “, рече Мехија, која во моментов е во посета на психотерапевт за да ги реши своите емотивни проблеми и траумата што ја преживеа.