Заев: Национална гордост и успех е што С. Македонија е една од 30-те членки на НАТО

од Vladimir Zorba
164 прегледи

НАТО денеска одбележува 72 години. На фотографијата е Северноатлантскиот договор, кој го потпишаа 12 членки на 4 април 1949 година во Вашингтон, сподели премиерот на РСМ, Зоран Заев.

„Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО семејството. Денес членството во најмоќниот сојуз на светот – НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и добробит за сите наши граѓани“, пишува Заев.