Стартува масовната вакцинација со „Спутник V“

од Берта Китинска
360 прегледи

Масовната имунизација со „Спутник V“ започнува денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“.Вакцинирањето ќе се одвива на 48 пунктови, а закажани се термини за 3000 граѓани.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош ако е потребно.

Со новата пратка на вакцините „Спутник V“,денеска ќе се вакцинираат вработени во МВР, во Армијата, во јавниот транспорт….

-Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија, истакна министерот за здравство.

Вакцинирањето ќе се одвива на 48 пунктови, а закажани се термини за 3000 граѓани.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.

20.000 дози од вакцината „Спутник V“ пристигнаа во Северна Македонија, како донација од соседна Србија. Се очекува да стигнат уште дополнителни 20.000 вакцини наменети за ревакцинација.

Ова е втора донација од Србија, која претходно испрати 8.000 вакцини на „Фајзер“ . С. Македонија во средата ја започна масовната имунизација на населението со вакцините на „АстраЗенека“.

Слични содржини