Се отстранува галијата кај „Холидеј Ин“

од Andreja Salpe
441 прегледи

Градот Скопје денеска официјално почна со демонтажа на првата од трите галии кои се наоѓаат во коритото на реката Вардар. Поточно, се демонтира галијата кај хотелот „Холидеј Ин“, од страна на ЈП „Улици и патишта“.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција рече дека станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на надвижните ствари кои се наоѓаат внатре, а потоа целосна демонтажа на самата галија, која како постапка, Шилегов очекува дека ќе трае неколку недели.

-Со ова конечно како континуитет на политиките кои јас ги креирам како градоначалник започнуваме со едно поизразено расчистување со криминалниот и болноумниот проект „Скопје 2014“, бидејќи овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се де факто и опасност за граѓаните на Скопје. Имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот и стручните служби на Градот од една страна, меѓутоа и студијата на УНДП зборува дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност за потоп и евентуални поплави кои можат да наместат сериозна материјална штета и да загрозат животите на скопјани, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалникот потенцира дека демонтирањето на галиите на оди на материјална штета на буџетот на градот, или на даночните обврзници на Скопје.

Слични содржини