170
Општина Карпош пред извесен период упати јавен повик до граѓаните да испратат фотографии на тема #ПролетВоКарпош .
Жителите од оваа општина објавија фотографија на која споменува дека во општината нема доволно зелена површина
– Па еве и мој придонес фото каде се гледа и двата метри зелена површина како ги забетонираа оставајќи им на дрвцава по 10 цм да дишат. Поздрав за иницијативата Стефан Богоев #битнопаркингчедаима….Што и да е, бетон да е. Децата се бетонирани за да не избегаат… Па нели тоа требаше да биде паркче?? Или се предомислија па направија паркИНГЧЕ??…, се дел од коментарите на Фејсбук.