Управните служби во МВР ќе работат до 19 часот

од Nikola Popovski
205 прегледи

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот.

Сите граѓани, на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден до 18:30 часот, притоа почитувајќи го датумот на закажаниот термин, стои во писменото соопштение од МВР.