Филипче за „Локално“: Вакцинацијата со АстраЗенека ќе продолжи и понатаму, го чекаме официјалниот став на ЕМА

од Nikola Popovski
246 прегледи

На денешната прес-конференција, на прашање од „Локално“, дали се планира паузирање со вакцинацијата со Астра Зенека како што направија дел од западните земји (Австрија, Германија) или ќе се дава по планот, министерот за здравство, Венко Филипче одговори дека вакцинацијата ќе продолжи и нема причина да запре.

„Во пунктовите за вакцинација околу 20 посто од закажаните, не се појавуваат и многу е тешко да се каже дали тоа се должи на оваа дилема во однос на АстраЗенека. Продолжуваме соодветно препораките, а тоа е дека апсолутно нема контраиндикации да се даде кај постарите граѓани. Германија изрази внимателност, таа запре со вакцинацијата, а сега продолжува. На пример, таму за помладите лица, после првата примена доза на АстраЗенека, тие даваат да се прими друга вакцина, како е што е Фазјер. Ние ќе го чекаме официјалниот став на ЕМА, чијшто борд ќе заседава меѓу 6-ти и 9-ти април и согласно тоа ќе постапиме“, изјави Филипче.

Слични содржини