Пад во бројките: 21 процент заразени од вкупниот број тестирани во последното деноноќие

од Nikola Popovski
157 прегледи

Според последниот дневен извештај, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на коронавирус, што претставува 21 процент на заразени од вкупниот број тестирани.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе ,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.

Според истиот извештај, регистрирани се 1.091 оздравени пациенти од градовите:  Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.

Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини