283
МВР соопшти дека во раните утрински часови, околу 3:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебарца, поради сомнение дека околу 00:05 часот во селото Мешеишта предизвикал пожар во две патнички моторни возила.
„Опожарени биле возила марка „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебарца и „санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебарца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид. Пожарот бил изгаснат од територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема“, соопштија од полицијата.