Спасовски: 49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица на Ковид-19

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Доктор Гоце Спасовски од Клиниката за нефрологија вечерва информира дека 49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од коронавирусот.

„Од 1608 пациенти кои одат на дијализа, 288 биле позитивни на Ковид-19, а од нив 49 се смртни случаи што е околу 17 проценти. На годишно ниво, морталитетот кај овие пациенти е околу 10-12 проценти што е за околу пет проценти повисок“, соопшти тој вечерва во емисијата „Топ тема“.

Тој апелираше до пациентите да се вакцинираат со било која вакцина, бидејќи, според него, сите се безбедни.

„Пожелно е со било која вакцина да се вакцинираат. И да прележале Ковид, тие немаат доволно развиен имунитет, ниту во клеточниот имунитет, ниту во оној со антитела за да може да кажеме дека ќе останат безбедни. Значи, тие и по месец дена од прележан Ковид повторно треба да се вакцинираат“, нагласи Спасовски.

Слични содржини