358
Вечерва на улицата „11 октомври“, во близина на Рекорд и Министерството за правда, се случила сообраќајна несреќа меѓу две возила.
Според информациите, во несреќата има и повредено лице, а на местото на настанот интервенирала и итната помош.
Полицијата во моментов врши увид и ги утврдува причините за несреќата.