Вчера започна масовната имунизација во салата Борис Трајковски.
За вработените во критичната инфарструктура во се користат 20.000 дози Спутник донација од Србија.
Граѓаните пред да ја примат вакцината при влез прво пополнуваат прашалници за нивната здравствена состојба, дали имаат температура, некаква алергиска реакција, хронична болест разговараат со лекар.
На терен работи тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата се одредени места каде вакцинираните се под опсервација 15 до 20 минути. На самото место има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.
Според информациите од министерството за здравство во текот на вчерашниот денот двајца граѓани добиле панични напади од самата постапка за вакцинација, но по инервенцијата на екипата на Брза помош нивната состојба се стабилизирала.
Масовната имунизација се спроведува на 48 позиции во салата Борис Трајковски.