Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели видео во кое дел од граѓаните даваат изјави поврзани со вакцинацијата.
-Граѓаните кои вчера се вакцинираа велат дека не се двоумеле, веруваат во вакцините и дека тоа е единствен начин да се избориме со пандемијата. Ова многу ме радува, верувам деа огромен број на граѓани ќе се вакцинираат против Ковид. Погледнете ги изјавите кои вчера ги давале за нашите телевизии, напиша Филипче.