171
На територијата на град Скопје, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои 23 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за непрописно престројување и три за нерегистрирани возила.
Исто така, изречени се 16 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), две за возачи на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас и 52 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.