Јосифовски: Комисијата за заразни болести нема стратегија за угостителските услуги

од Берта Китинска
406 прегледи

Доколку мерките се селективни  и не важат за сите треба да биде обезбедена  финансиска поддршка за да можеме да егзистираме и преживееме овој период. Ние уште пред неколку месеци рековме дека ќе ги затвориме објектите доколку тоа го реши проблемот со коивд 19, изјави Здравко Јосифовски од НУК во Студио 10.

-Најмногу губиме сите ние секој ден по еден човечки живот, но мораме да сфатиме дека покрај загубите животите треба да продолжиме со животот напред. Доколку знаеме кон што тежнееме треба да знаме што треба да очекуваме.Нашето здружение предложи данок 0 отсто. Оваа мерка не е селективна секој кој допринел од 2019 да добие поддршка пример ако некој плати 2000 ќе му биде вратена таа поддршка, изјави Јосифовски,

Во однос на изјавата на министерот за економија  за тоа дека угостителите не треба да прават залихи, тој изјави дека тие не остваруваат  приходи за да имаат залихи и живеат од ден за ден.

Јосифовски напомена дека Комисијата за заразни болести во изминатите заеднички средби со НУК им нема понудена одредена стратегија за угостителските услуги.

Слични содржини