Состојбата со вирусот е критична во четири градови

од Берта Китинска
271 прегледи

Моментално најкритичните градови во државата по однос на инциденцата се Куманово, Битола, Кичево и Тетово, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

-Во секојдневна комуникација сме со директорите на здравствените установи во тие градови.Апелирам уште еднаш, граѓаните да се придржуваат до мерките, со сопствено одговорно однесување. Сите придонесуваме овој бран да заврши што поскоро, рече Филипче.

Слични содржини